Со почеток во 19 часот вечерва во Центарот за култура во Кичево ќе се одржи коцертот за „Обоа и гитара“ со солистите Јетмир Мехмеди и Вулнет Незири, кои ќе перформираат нумери од познати светски композитори.
– Вечерашниот концерт за „Обоа и гитара“ во својата програма ќе понуди нумери од Енио Мориконе, Саинт Санс, Бела Барток, Астор Пијацола, Асамано Трендафили, Малсорија, Вајта Калова и други. Концертот ќе се одржи според сите протоколи на Министерството за култура издадени од Комисијата за здравство за заштита од Ковид-19. Овој вид концерт првпат ќе биде изведен пред љубителите на музичката уметност од градот, истакна Мазлам Османи, директор на Центарот за култура.
Османи потенцира дека концертот кој ќе се одржи во големата сала од Центарот за култура, финансиски е подржан од Министерството за култура со програмата за 2021 година.