Повеќе од милијарда дози вакцини против коронавирус се дадени во Кина, соопшти Министерството за здравство.
„Дадени се вкупно 1,01 милијарди дози вакцини“, соопшти Министерството.
Сепак, процентот на популација во Кина кои ги примиле двете дози на вакцината не е објавен.
Кинеските власти се надеваат дека до крајот на годината 70 отсто од населението ќе ги прими и двете дози на вакцината, што е околу милијарда луѓе.
Во Кина се достапни четири домашно произведени вакцини