Владата останува на проекциите за инфлацијата и растот на БДП предвидени во ребалансот на Буџетот, кој е усвоен од страна на Владата и за кој треба да се расправа во Собранието.

Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека во однос на пресметките за инфлацијата остануваат на проекциите што се дадени во ребалансот.

-Тоа се раст од 4,1 отсто за БДП и инфлација од 2,1 отсто и што пред сè се должи на раст на очекувањата на инфлацијата во втората половина од годината, која потоа се очекува да се намали и тоа главно се однесува на цените на дериватите на светско ниво, транспротните трошоци и прехранбените производи. Тоа е во рамки на проекциите и тие се ставени во предлог ребалансот на буџетот и остануваме на тие проекции, истакна министерот Бесими одговорајќи на новинарско прашање по потпишување на договорот со ЕИБ за креидтна линија од 100 милиони евра.


Администратор
21/06/2021 14:17