Косовската полиција во вчерашна акција во регионот на Гњилане и Приштина уапсила шест лица и запленила 82 килограми опојна дрога марихуна, јави дописникот на МИА од Приштина.
Акцијата, според полициското соопштение, е спроведена на две локации во косовската престолнина и две куќи во Гњилане, а на уапсените им е одреден 48-часовен притвор.
Покрај дрогата запленети се и 100 пакувања со шверцувани лекови, една ловечка пушка со 36 куршуми, една автоматска пушка со рамка, револвер ТТ со шест куршуми, пет авртомобили и повеќе од 15 илјади евра.