Во НУ Центар за култура Антон Панов во Струмица вечер ќе биде одржан концерт на Пламенка Трајковска (гудачко трио).

Концертот е со наслов „Јубилеи“, а на програмата се дела на композитори кои оваа година чествуваат јубилеи како Томасо Албињони, Камиј Сен Санс, и Астор Пјацола. Камерниот состав прави пресек на најпознатите дела од овие автори како Адаго од Албињони, Данс Макабре, Лебед од Сен Санс и најпознатите дела од Пјацола како Либеранго, Најт клуб 1960 и други. Сите композиции се во аранжман за камерен состав од Пламенка Трајковска.

Во гудачкиот состав покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело.

Камерните состави на Пламенка Трајковска активно работат на доближувањето на класичната музика кај најшироката публика и имаат настапувано на сите сцени во Македонија. Тие креираат концерти со класична музика и концерти кои се во модерно класичен стил.

Последните години интензивно работат на доближувањето на класичната музика до децата и креираат различни концерти за деца како концертите Музика и цртан филм, Што е тоа … гудачки квартет, Моцартисимо и Музика и танц.

Концертот се реализира со помош на Министерството за култура и НУ Центар за култура Антон Панов Струмица.