Словенија ја издаде својата прва обврзница за одржливост во износ од една милијарда евра и со рок на достасување од 10 години, со цел да финансира исклучиво одржливи проекти.

Според агенцијата СТА, Словенија е прва земја во Централна и Источна Европа и втора меѓу членките на Европската унија, која издава зелена обврзница, што Министерството за финансии ја оцени како пресвртница, додавајќи дека побарувачката на инвеститорите далеку ја надмина понудата.

Средствата добиени од продажбата на оваа обврзница ќе се користат за финансирање или рефинансирање на еколошки или социјални проекти вклучени во државниот буџет, како и за подобрување и развој на домашниот и меѓународниот пазар за зелени, социјални и/или одржливи обврзници.