Фестивалот на монодрама вечер продолжува со три монодрамски претстави во конкуренција кои ќе бидат изведени во салата на битолскиот театар и отворена сцена пред театарот во овој град.

Од НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на фестивалот информираат дека прва ќе настапи Олга Панго која ќе изведе танц театарски перформанс со наслов „Петто годишно време“ чиј автор е Сашо Димоски, а адаптацијата и режијата е на Васил Зафирчев.

Според програмата на отворената сцена пред битолскиот театар ќе настапи и Валентино Апостоловски, кореограф и танчер кој ќе ја изведе монодрамата „Најлон“ по сценарио и режија на Благој Мицевски, а вечерната програма ќе заврши со монодрамата „ЗОО приказна“ од Едвард Олби, авторски проект на актерот Здравко Стојмировски.

Фестивалот на монодрама кој годинава се одржува под мотото „Зад отворени врати“ завршува в недела.