Кривопаланечката јавност од денеска може да ужива во уникатните уметнички дела изработени во стринг техника изработени од креативната уметница, Фросина Стојчевска од Крива Паланка.

Ова е прва самостојна изложба на Стојчевска која околу пет години се занимава со оваа уникатна и иновативна уметност.

-Се занимавам со quilling и string уметност. На изложбата беа претставени слики од стринг техника кои се направени во период од една година. Иако во почетокот тоа беа аматерски слики ги претставив и нив за да се види напредувањето и надоградувањето низ текот на целата година. Првично ја користев природната боја на дрвото претставувајки ги шарите што ги создала самата природа. Подоцна почнав со користење на акрилни бои каде што целосно се препуштив на имагинацијата. Оваа техника порано била користена за математички цели, а подоцна го пронашла своето место во уметноста. Првично биле користени жици од бакар каде што биле изработувани дела што низ годините не го изгубиле својот сјај, туку останале да сведочат дека уметноста е сфера каде што годините неможат да стават сенка на створеното дело. Подоцна со експериментирање, имагинацијата уметниците вклучиле и други материјали, воедно оставајки го тој печат, нижењето низ клинчињата. Колоритноста што се користи, големиот спектар на бои што го нудат конците го прават делото привлечно за око. Никој досега не останал рамнодушен од уметничко дело, изјави Стојчевска.

Поставката од околу педесет дела е изложена дела во просториите на Европската куќа (Europe House) Крива Паланка, а ќе го краси амбиентот и ќе биде отворена за јавноста во следните седум дена.