Здружението „Добредојде“ денеска организира завршен настан за проектот „Мозаик инсталација како културна традиција и современо живеење“.
Настанот ќе се одржи во Природно-научниот музеј во Скопје, а ќе присуствуваат Седат Сулејмани, заменик министер за култура, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, швајцарскиот амбасадор во Северна Македонија, Сибил Сутер Сејда и Емилија Миладинова Аврамчева претседателка на здружението „Добредојде“.
– Проектот „Мозаик инсталација како културна традиција и современо живеење“ поддржан од швајцарска амбасада, организираше мозаик работилници во Виница, Кавадарци, Скопје во вкупна површина од 96 квадратни метри. Во проектот учествуваа студенти, деца случајни минувачи. Сите вклучени граѓани имаа можност заедно со локалните уметници мозаиачари да бидат дел од проектот и да поттикнат зацврстување да заедницата, како и чувството на граѓаните дека јавниот простор им припаѓа ним и тие можат позитивно да влијаат на него, велат организаторите на проектот.
Мозаиците се изработени од рециклирани крш плочки, а цел на проектот е да се поттикнат принципите за зелената култура и културата да оди во правец на заштита на животната средина.