Со самостојна изложба пред тетовската јавност се претстави уметникот Валмир Азири од Тетово кој воедно е државен секретар во Министерството за култура.
Неговите дела се изложени во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово како дел од манифестацијата „Лето на тетовската култура“. Вчера беше одржано свечено отворање на изложбата на која присуствуваше и градоначалничката Теута Арифи.
-Самостојната изложба на дигитални дела е со наслов „Дигитализирани духовни вибрации“ од уметникот и Државниот секретар во Министерство за култура, Валмир Азири. Во фоајето на центарот се изложени преку 30 дела, информираат од Центарот за култура.
Изложбата ќе може да се погледне во текот на наредните денови.