Балканските воено медицински сили, кои ги сочинуваат воените санитети на Србија, БиХ, Црна Гора, Словенија, Македонија и Албанија, планираат да го зголемат бројот на луѓе во постојан состав на неколку десетици, со цел да се зајакне воената соработка во регионот и да се забрза времето за дејствување на таа заедничка единица.
Според порталот Балканска безбедносна мрежа, владите на тие земји имаат работна верзија на документот што предвидува зголемување на бројот на постојани припадници на Балканските воени медицински сили (БМТФ) и главно се занимава со нивниот правен статус во земјата домаќин.
Засега, постојаниот состав на БМТФ брои осум лица, а се уште не е познато колку точно луѓе ќе бидат во иднина.
Според Балканската безбедносна мрежа, Црна Гора ќе има шест припадници во БМТФ.
– Имајќи предвид дека станува збор за најмалата армија во регионот, тој податок покажува дека постојаниот состав на воено медицинската единица на шесте балкански земји ќе брои десетици луѓе, наведува порталот.
Во текстот се потсетува дека главната улога во воспоставувањето на Балканските воено-медицински сили во 2016 година ја имаше српската армија, со поддршка на Норвешка и САД.