Во Националната установа Центар за култура Крива Паланка денеска беше отворена изложбата на изработки во техника декупаж, креирани на летната ликовна работилница во установата.
Станува збор за околу 35 изработки создадени на креативната летна работилница одржана месецов под менторство на Александра Димитрова, ликовен уметник од Кочани.
На работилницата учествуваа седум млади од Крива Паланка кои беа обучени со оваа техника од којашто производот покрај декоративна димензија, може да се користи и за продажба.
– Секој учесник од оваа еднодневна работилница изработи по четири дела под водство на искусната уметница која се портуди да им го пренесе знаењето на учесниците, за да се создадат уметнички дела кои ќе красат нечии простори и витрини во иднина, изјави Мора Ѓоргиевска, директорка на НУЦК Крива Паланка.
Работилницата е дел од годишната програма на Националната установа Центар за култура Крива Паланка, поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Изложбата ќе биде отворена за јавноста во следните десет дена, а делата се изложени во галерискиот простор на НУЦК Крива Паланка.