Албанската полиција на преминот Хан Хоти, на границата со Црна Гора во камион со албански регистарски ознаки открила и запенила 17 килограми хероин.
– По добиени сознанија по оперативен пат, камионот беше запрен при излез, по што беше придружуван до пристаништето во Драч каде беше подложен на детален скенер. Специјализираната контрола покажа дека 17 килограми хероин биле скриени во камионот. Од првите истражни дејствија дрогата требало да транзитира низ Црна Гора а крајната дестинација била западно европска држава. Возачот на камионот, албански државјанин, е уапсен, соопшти полицијата.
Во пристаништето во Драч на 19 јуни беа запленети 324 килограми и 400 грама, откриена во камион натоварен со железо управуван од македонскиот државјанин, Назиф Ајровски,од Прилеп, а крајната дестинација била Италија.
Кокаин бил во кутии со логоата на Чикаго булс, Пари Сен Жермен, Кензо и Диор а бил скриен внатре во шасијата на камионот.
Судот во Драч, во понеделникот, на Ајровски (40) му одреди мерка притвор.
Месец претходно, исто така во Драч, запленети беа 140 килограми кокаин скриен во контејнер со банани од Еквадор.