Уште еден инцидент се случи на албанското крајбрежје, што дополнтелно ги зголеми несигурноста кај туристите и револтот меѓу граѓаните, но и туристичкиот секор.
Ноќеска, во 1:30 часот, во Дримадa, кај едно од најубавите турустички места, Дерми, запалени се 60 лежалки и исто толку чадори за сонце, на фирмата Domi.al.shpk, сопственост на Билбил Доми (55).
Полицијата се сомнева дека пожарот бил подметнат. За 24 часа ова е втор инцидент на албанското крајбрежје меѓу сопственици на угостителски објекти на плажите околу нивниот простор за користење, што, според медумите, самите го заземаат по сопствен избор, во отсуство на давање под концесија од страна на владата.
Законскиот застапник на Domi.al.shpk, Артемис Кито, изјави дека фирмата нема никакви недоразбирања или конфликти со никого, додавајќи дека е можно се да се случило инцидентно.
-Се уште не почнавме со работа затоа што на 25 јуни го добивме известувањето од Националната агенција за крајбрежје за склучување на договорот. Не сме имале конфликт, немавме проблеми. Во овие моменти што се не слушаме и гледаме и секоја можност е во опција. Ова е трета сезона како функционираме, но претходно бевме на друга парцела. Ова и го кажавме и на полицијата, рече таа.
Вчера триесет минути по полноќ четири лица загинаа, а две беа ранети во вооружен конфликт на плажата „Пулај“, во познатото тристичко место Велипоја, во северниот дел на Албанија. Причина за вооружениот конфликт е поделба на сопственоста над песочните плажи каде што се поставени лежалки, меѓу два хотела, оддалечени 50 метри еден од друг.