Во Културно-информативен центар на Република Македонија во Софија денеска ќе се одржи промоцијата на романот „Емотивен манипулатор“ од младата македонска писателка Ксенија Николова. Романот „Емотивен манипулатор“ на бурагски јазик излегува како издание на издателство „Книги за сите“ („Книги за всички“) во 2021 година.
– Погрешно вљубување во погрешен човек на погрешно место и во погрешно време. „Емотивен манипулатор“ на македонската писателка Ксенија Николова е многу повеќе од љубовен роман. Во него сè е наопаку и големата љубов е измама. Тоа е една приказна за моментите, во кои си мислиме, дека треба да се откажеме. И за тоа колку непредвидлив е животот, но и истовремено дека може повторно да е убав.„Емотивен манипулатор“ е роман за хаосот и за лудиот натпревар, со кои минува животот на човекот; за сите остварени и неостварени сонови; за вербата и смелоста, кои треба секој да ги поседува; за стравот и начинот, на кој да го преодолееме и отфрлиме, за да се чувствуваме комфорно во сопственото тело; за промената која е потребно секој од нас да ја направи. „Не можеш да го промениш светот, но можеш да се промениш себе си.“
Книгата е прирачник за животот; за начинот, на кој да го градиме и живееме, без да штетиме на самите себе си и на луѓето кои ги сакаме и кои нас не сакаат; за вистинското и преданото пријателство. Книга, која докажува дека сè е возможно, доволни се само сили и храброст, за да се справиме пред сè со самите себе, да бидеме силни и смели, зашто: „… среќата ги следи смелите.“ Ксенија Николова е неверојатен психолог кој умее да вникне во најтемните и затаени катчиња на човековата душа, да го открие страдањето и болката, да даде куп совети и одговори на прашања, кои многу луѓе си ги задавале и се пробувале да разрешат, се наведува во најавата од КИЦ Софија за промоцијата на книгата.
Ксенија Николова е македонска писателка и автор на шест книги, инспирирани од животот, паѓањата и воздигнувањата на секој човек. „Емотивен манипулатор“ е еден од најчитаните романи во Македонија.