Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на општина Дебар, утре на територијата на општината ќе биде спроведена превентивна систематска дезинсекција против комарци, како општа противепидемиска мерка.

– Теристичката (од земја) дезинсекција ќе се врши утре, 1 јули, во периодот од 18:00 до шест часот наутро следниот ден и тоа со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, крајбрежјето на Дебарско Езеро, депонии и пограничниот појас, урбаната населба Дебар како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата, информираа од општината.

Поради тоа се замолуваат сите пчелари и пчеларските задруги, да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.