Косовската полиција претпладнево изведе акција во Министерството за земјоделство, шумарство и рурален развој (МЗШРР), во која уапси седуммина службеници на Агенцијата за развој на земјоделството, осомничени за злоупотреба на службената должност, односно примање и давање поткуп, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според изори од полицијата, освен во Агенцијата, акцијата на Управата за борба против стопански кримина, во соработка со косовското Обвинителство, ќе продолжи и во други општини низ земјата, при што може да се очекуваат нови апсења.

Денешната акција е продолжение на истата од пред неколку месеци, кога беа уапсени неколку службеници на МЗШРР, заради злоупотреба на фондовите за земјоделски субвенции.

Денешните апсења се изведени врз основа на докази добиени од запленетите телефони на претходно уапсените службеници на МЗШРР.