Aктивностите за уредување и бетонирање на влезната улица во планинското село Серменин, кое во последно време доживува градежна експанзија од граѓани кои подигаат викендички, почнаа денеска.

-Како одговор на приоритетното барање поднесено од мештаните,почнавме со уредување на влезната улица во селото која е долга 650 метри и широка 4 метри. Улицата се протега од влезот до центарот на селото и за нејзино целосно уредување издвоивме околу 2,8 милиони денари од општинскиот буџет,потврдија од општина Гевгелија.

Во привлечното планинско село Серменин,последниве години се бележи развој на руралниот туризам поради што се зголемува и туристичко угостителската понуда,факт поради кој е големо и значењето на влезната улица која ќе се поврзе со асфалтираниот локален пат Негорци-Серменин. им/оџ/