Во интерес нанашите соседи е да имаат добри односи со Грција, рече портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите.
Одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на во однос на тоа која ќе биде пораката на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешниот Самит на Берлинскиот процес за Западен Балкан, Пелони ја повтори поддршката на Грција за ЕУ перспективата на земјите од регионот.
-Грција секаде повторува дека ја поддржува европската перспектива на Балканот, што е во корист на стабилноста во регионот, а во интерес на нашите соседи е да имаат добри односи со Грција, рече Пелони.