Претседателот на општинската организација на СДСМ Центар Горан Герасимовски во партијата поднесе кандидатура за градоначалник на општина Центар.
Герасимовски, заедно со својата кандидатура, поднесе и детална програма за развој на општината.
-Мојата замисла за урбана општина значи повеќе зеленило, урбани катчиња, повеќе паркинг места, современи училишта и градинки во кои ќе има слободни места за секое дете. Како жител на општина Центар но и како претседател на СДСМ Центар одблизу го следам развојот на општината и водејќи се од моите сопствени потреби како граѓанин сметам дека во општината недостасуваат проекти кои ќе ја зголемат нејзината функционалност но и ќе донесат позитивни промени кои ќе го олеснат и подобрат животот на центарци. Тие промени беа и мотивот заедно со кандидатурата за градоначалник на општина Центар да поднесам и програма за развој на општината. Гледам многу причини заедно со граѓаните да ги поставиме вистинските цели и вредности во општината. Ќе поставиме функционални системи за партиципативно владеење и наместо да зборуваме за транспарентност и отчетност ќе преземеме конкретен чекор – политиките ќе ги носиме со граѓаните за нас граѓаните, вели Герасимовски.
Горан Герасимовски во моментов ја извршува фунцијата директор на Државниот завод за индустриска сопственост.