На денешната последна седница на албанскиот Парламент, собранискиот спикер Грамоз Ручи, го означи крајот на четригодишнот мандат на овој состав на законодавниот дом и во исто време и неговата политичка кариера.
-Триесет години поминав во оваа сала, 16 како владејачко мнозинство и 14 години во опозиција. Сакам јавно да му се заблагодарам уште еднаш на моето семејство за разбирањето што го покажа за време на моите и нивните жртви во исто време заради моите јавни должности во овие години, рече Ручи, отко претходно им се заблагодари на пратениците за соработката.
Откако спомна повеќе значајни закони донесени во овој мандат, меѓу кои изборните реформи, во своето обраќање Ручи се фокусираше и на отворањето на преговорите со ЕУ истакнувајќи дека одржувањето на меѓувладината конференција веќе зависи од повеќе земји и не е поврзано со условите што Албанија требаше да ги исполни.
Ручи, исто така, го спомна фактот дека Албанија некогаш се сметала за црна овца во Европа, додека денеска овој менталитет се сменил и се заблагодари на оние земји кои се ослободени од овие предрасуди.
-Сега одржувањето на меѓувладината конференција, станува непостојано затоа што зависи од некои земји-членки и не е поврзано со нашите услови. Пред неколку години, европските бирократи бараа поголем реализам од европските политичари кон нашите земји. Денеска откриваме дека оваа бирократија е можна. Пред неколку години нашата земја ја гледаа со предрасуди, како црна овца во Европа, а денес овие земји заслужуваат наша благодарност затоа што се ослободени од овие предрасуди, рече Ручи.
Ние Албанците, порача, не сме ниту лути, ниту очајни, ниту песимисти.
-За нас е од суштинско значење европскиот календар да биде изграден во Албанија и ние мора да ја создадеме Европа тука каде што сме. Новите генерации ќе ја направат Албанија многу подобра, порача Ручи во последниот негов говор како политичар.
Седумдесет годишниот Ручи заминувањето од политиката го најави неодмна на Конгресот на Социјалистичката партија.