Бременоста може да биде стреснa, a особено во пандемија. Наодите од неколку различни истражувања покажуваат дека бремените жени се подложни на коронавирусна зараза, но и дека осум насто од испитаничките имале потежок облик на заболување што довело до компликации.

Често прашање што го имаат бремените жени е – како болеста може да влијае на бебето додека е во стомакот? Она што дефинитивно се препорачува е – секогаш да го информирате вашиот лекар ако имате висока температура за време на бременоста, бидејќи одредени вируси може да влијаат на здравјето на вашето бебе.

Коронавирусот не е опширно проучен, така што никој не може со апсолутна сигурност да каже какви траги може да остави на децата. Сепак, постојат одредени истражувања.

Истражувањето на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) посочува дека бремените жени се поподложни од другите луѓе, на други респираторни инфекции, како што е грипот. Ова делумно се должи на тоа што бременоста го менува имунолошкиот систем, а делумно и влијае на белите дробови и срцето.

Како и да е, заклучно со март 2020 година, нема конкретни показатели дека бремените жени се посклони кон коронавирус од другите луѓе, според научен труд од 2020 година. Па дури и ако се заразат, истражувачите истакнуваат дека кај бремените жени нема поголема веројатност да добијат сериозни компликации од Ковид-19, како што е пневмонија.

Малку се новите испитувања кои можат да тврдат со сигурност, но врз основа на сегашните податоци, ЦДЦ посочува дека бремените жени кои имале заболување од коронавирус, имаат поголема веројатност да имаат полош исход на бременоста отколку бремените жени кои не биле заразени.

Од 147 испитани жени, осум отсто имале посериозна болест, а еден насто биле критични.

Кралскиот колеџ за гинекологија известува дека иако некои Кинески со симптоми на коронавирус се породиле предвремено, не е јасно дали бебињата се родиле рано поради заразата или зашто лекарите решиле да предизвикаат предвремено породување затоа што мајките биле заболени. Исто така, тие не најдоа докази дека коронавирусот предизвикува спонтан абортус.

Сè уште нема конкретни докази ни дека вирусот може да се пренесе од мајка на дете за време на бременоста. Во едно истражување кое опфатило девет бремени Кинески заразени со новиот коронавирус во последното тримесечје од бременоста, вирусот не се појавил во амнионската течност или крвта во папочната врвца, ниту пак, кај новороденчето.

Сепак, во една малку поголема студија, три новороденчиња родени од жени со Ковид-19 имале позитивен тест за вирусот. Останатите 30 новороденчиња во групата покажале негативен тест, а истражувачите не се сигурни дали бебињата кои имале позитивен тест биле заразени со вирусот во матката или го примиле по раѓањето.


Администратор
08/07/2021 13:07