Пред тетовската јавност преку ликовна изложба претставени се делата на дваесеттина ученици создадени на ликовната работилница на уметникот Славчо Максимовски во текот на учебната година. Изложени се 60-тина дела кои се поставени во просториите на управната зграда на Музеј на тетовски крај (АРМ).
-Имаме дела, графичка обработка на плакат на различна тема, изработка на акрилик на платно. Оваа учебна година со ученици кои сакаат да ги унапредат нивните сликарски вештини се базиравме на теми кои го засегаат општеството, слобода на говор, слобода и неслобода во општеството, проблемите на Планетата Земја, и слично. Дел од изложените слики се од соработката со Македонско-хрватско друштво на тема градови и архтектура во Хрватска, изјави Славчо Максимовски.
Ова е шеста година по ред како се организираат работилниците на Славчо Максимовски, со цел ученици да стекнат основи на ликовното сликање, креативноста, учење различни техники за цртање и сликање и слично.