Во рамките на „Велешко лето 2021“, денеска во салата „Бели мугри“ настапи дуото Гацева – Џорлева. Двете пијанистки, Ана Гацева и Татјана Џорлева, изведоа музика за четирирачно пијано од Грид, Сати и Чајковски.
Општина Велес најави дека во текот на летото граѓаните љубители на уметностите, во рамките на културата манифестација „Велешко лето 2021“, ќе имаат можност да проследат голем број концерти на забавна и народна музика, џез и класична музика, како и промоции на книги и други мултимедијални културни настани.
Како и денешниот, и претстојните културни настани ќе бидат организирани согласно со здравствените протоколи за организирање настани.