Македонските земјоделци стравуваат дека власта се обидува да им го минира протестот што во знак на предупредување и гнев заради игнорантскиот однос на надлежните планираат да го одржат на Петровден, за 4 дена. Последните најави на министерот Хоџа дека периодов ќе се започнело со доисплатата на субвенциите и со исплатата на помошта од петтиот ковид-пакет, за нив се само „ префиден обид на власта да го спречи протестот“.

- Протестот не е само за субвенциите и за Ковид-мерките. Протестот е и за зелената такса, протестот е и за продажбата на земјоделско државно земјиште и уште многу други работи се кои ќе се изнесат дента, в понеделник на самиот протест....Целта на овие најави за исплата е да се разводни најавата за протест и да се минира целата организација која што веќе се случува за организирање на сеземјоделски протест...Очигледно дека се незадоволни земјоделците и даваат огромна поддршка за организирање на еден ваков протест. И покрај најавата на Министерството дека ќе се извршат исплати, протестот ќе се одржи, децидно за Алфа вели е Игор Мирчески, еден од иницијаторите.

Побараа поддршка и од претседателот Стево Пендаровски кого и јавно го поканија да се појави на протестот и да ги слушне одблиску нивните маки.