Во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во Штип вечер ќе биде промовирана книгата „Зборови со персиско потекло во македонскиот јазик“ од доц. д-р Зеќир Рамчиловиќ од Институтот за национална историја и пратеник во Собранието.

Книгата е во издание на Здружението „Диван“ од Скопје.

Промоцијата се одржува во рамки на манифестацијата „Штипско културно лето“.

-Промотор е академик проф. д-р Драги Ѓоргиев, а модератор на трибината османист и турколог Драган Читкушев, стои во најавата од Здружението „Диван“.