„Црвен бележник“ (Red Notice) – најскапиот снимен филм на Нетфликс досега, во киносалите ќе се појави на 12 ноември, оваа 2021 година. Веста ја објави глумецот Двејн „Карпата“ Џонсон, една од ѕвездите на ова остварување.

Тој исто така потврди дека филмот е „најголемиот филм на Нетфликс“ досега.

Нетфликс за овој филм издвои 200 милиони долари буџет, што е досега најголем влог на таа продуцентска куќа и стрим-платформа. Приказната е за агент, кој трага по најпознатиот крадец на уметности во светот. Во филмот глумат и Рајан Рејнолдс и Гал Гадот.


Администратор
09/07/2021 12:44