Американската компанија Linden Energy купи 50 отсто од најголемата бугарска компанија Overgas Inc., која работи на пазарот на гас во Бугарија, јавува дописникот на МИА од Софија. Договорот беше потпишан за време на годишниот состанок „Три мориња“ во Бугарија.

Договорот е дел од стратегијата на Linden Energy за зголемување на инвестициите во Бугарија и Западен Балкан.

Американската компанија ќе го зајакне своето присуство преку купување на бугарската енергетска компанија и смета дека Овергас е совршен партнер да биде лидер на бугарскиот пазар на гас и да стане лидер во регионот на Балканот.

Американската компанија, коментира Стивен Пејн, кој е претседател на Linden Energy, активно ќе работи на диверзификација на енергетскиот пазар во Бугарија со додавање на нови извори на природен гас. Еден од овие извори е американскиот течен природен гас, додаде Пејн. Тој истакна дека во некои балкански земји, како што се Албанија и Косово, гасификацијата е скоро недоволно развиена, што отвора огромни можности за развој.

Линден Енерџи има намера да ги поддржи напорите за развој на пазарот на гас на Западен Балкан преку обезбедување и финансиска поддршка за овие проекти .

Како што коментира Светослав Иванов, извршен директор на „Овергас“, плановите се да се проучат можностите за изградба на систем на интерконектори во Западен Балкан, како и гасификација не само во другите региони во Бугарија, туку и во другите балкански земји.