Во тетовската уметничка галерија од вчера е поставена самостојна изложба на уметнички дела и слики на Лаурета Воглиќи, сликарка од Косово. Изложбата е насловена „Работилницата на тато“.

–Таа ја обликува својата уметност во многу оригинален простор, не потпирајќи се на нејзината имагинација, туку само искористувајќи ја реалноста. Сликарката успева да ја пренесе оваа реалност дури и на sидовите на Галеријата каде со истата страст ја претвора во работилница, со која ја запечатува врската со нејзиниот татко, љубовта кон неговата работа и неговата жртва, велат од Уметничката галерија за делата на авторката.

Изложбата е отворена за посета во следните неколку денови.