Во гевгелиската општа болница почнаа активностите за обновување на невропсихијатриското и хирушкото одделение кои до крајот на месецот треба да завршат со комплетна замена на столаријата, инсталирање на ново осветлување и молеро фарбарски работи, потврди директорот Митко Крџев.
– Со реконструкцијата на двете одделенија, кои ги правиме со средства од донации и од сопствениот буџет, како и со новиот рентген апарат што го добивме од Јапонската амбасада, значително ќе ги подобриме здравствените услуги што им се даваат на пациентите и условите за престој во болницата, рече Крџев.
За новата хируршка сала, која беше дел од проектот за прекугранична соработка со Република Грција, директорот Крџев нагласи дека веќе е целосно изградена и опремена и оти ќе биде ставена во функција по дообучувањето на персоналот.