Непречено се спроведува вакцинацијата во Куманово, во пунктот за вакцинација во училишната спортска сала во средното „Перо Наков“ во населбата Бедиње, соопштија денеска надлежните од пунктот.

Екипите на Здравствениот дом интензивно се подготвуваат и за теренската вакцинација која ќе се спроведува во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Денеска се вакцинираа и вработени од ЈП „Чистота и Зеленило“.

– До денеска во Куманово, вакцинирани се 22.000 граѓани, а две дози вакцини примиле над 16.000 граѓани-изјави Валдрим Мифтари, координатор на пунктот.

Од понеделник, наредната недела екипите на Здравствен Дом ќе бидат во Слупчане, Опае, Оризаре, Старо Нагоричане, Челопек, Алгуња, Драгоманце и Пелинце. Наредниот ден (вторник 13-ти јули) ќе вакцинираат во Арбнанашко, Жегљане, Бајловце и Облавце. На 14-ти јули ќе се вакцинираат жителите на Градиште, Орашац, Пчиња, Проевце и Тромеѓа. На 16-ти јули, имунизацијата ќе се спроведува во Табановце, Речица, Горно и Долно Којнаре, Љубодраг, Ново Село, Умин дол, Режановце и Слупчане.Пунктовите ќе работат од 8 до 14 часот.