Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак денеска изјави дека Западен Балкан и ЕУ се едно семејство кое се соочува со истите предизвици.

Затоа, како што истакна на форумот во Дубровник, важно е тие да ги делат истите норми и вредности.

– Западен Балкан и ЕУ се едно семејство. Ние сме длабоко поврзани и оваа интеграција ќе се зголеми уште повеќе. Со оглед на тоа што сме меѓусебно поврзани, се соочуваме со истите предизвици. Затоа е толку важно да ги делиме истите норми и вредности, напиша Лајчак на Твитер.