Голем дефект на главната водоводна линија остави дел од штипските населби без вода за пиење. Две цевки, кои пукнале на главната водоводна линија, направија големо езеро, во близина на бензинската станица кај населбата Баби.

Директорот на ЈП „Исар“ Здравко Коцев изјави дека екипите на санирање на дефектот работат од вчера, а денеска се очекува неговото санирање да биде завршено.

-Мораше да се копа околу четири метри, откриени се цевките од земјата и екипите работат на нивното санирање. По санирањето, постепено ќе се пушта водата, со цел да немаме па други дефекти, вели Коцев.

Очекува водоснабдувањето на штипските населби, кои останаа со суви чешми од вчера попладнето да се нормализира во текот на денешниот ден.