Дел од новата опрема добиена преку проектот за подобрување на комуналните услуги, пристигна во дворот на јавното претпријатие „Комунален сервис“ од Валандово.
Новата опрема се состои од метларка, даска за чистење снег и тракторска приколка, а во наредниот период се очекува да бидат доставени цистерна за чистење септички јами и трактор, велат од комуналното претпријатие.
– Со новата механизација дополнително ќе се модернизираме и ќе ги збогатиме услугите кон граѓаните со што ќе придонесиме за подобрување на јавната чистота во градот Валандово и општината, велат од комуналното претпријатие.
Од локалната самоуправа во Валандово појаснија дека финансирањето на проектот се врши преку заем на Општина Валандово од програмата за подобрување на општинските услуги (МСИП 2).