Нема потреба од доаѓање рано наутро и создавање на редови, бидејќи вакцини има за сите и ќе се работи постојано.
Кај вакциналниот пункт при Здравствен дом Тетово каде започна од денеска да се врши вакцинација против Ковид-19 без закажан термин уште од седум часот изутринава дошле заинтересирни граѓани, а интересот во текот на претпладнево е голем и се чека ред. Од Здравствен дом порачуваат дека вакцини има доволно за сите заинтересирани.
– Нема потреба од доаѓање рано наутро и создавање на редови, бидејќи вакцини има за сите и ќе се работи постојано. Вакциналниот пункт работи во две смени од 07:30 до 19:30 часот, вакцини има во доволен број и може во тој период да се вакцинираат граѓаните. Моментално има вакцини Синовак. Во здраствен пункт се врши и ревакцинација за оние кои пред три месеци примија Астра Зенека, изјави Борислав Јоргаќиески, директор на Здравствен дом Тетово.
Во тетовскиот регион од утре, вторник 13 јули, започнува теренска вакцинација на населението против Ковид-19. Се почнува од населените места кои се опфатено од здравствен дом Желино – Желино, Долна и Горна Лешница, Требош, Палатица и Озормиште.
Во среда се продолжува во регионот на Вратница. Распоредот и саатниците се објавени на Фејсбук страницата на Здравствен дом Тетово.