Во Делчево почна реализацијата на проектот за изградба на општински улици. Како прво нaселено место кое е опфатено со проeктот е селото Вирче, каде во моментот, кaко што информираа од Општината, се гради улица со два крака во должина од 260 метри. Увид на почетокот на работите изврши градоначалникот Горан Трајковски кој истакна дека со изградбата на оваа улица се одговара на децениското барање на жителите од селото Вирче.
-Изградбата на оваа улица е децениско барање на жителите од овој дел на селото, бидејќи тука се лоцирани повеќе семејни куќи и други објекти, а жителите немаа соодветен пристап до нив. Со изградбата на улицата се надминуваат тие проблеми и ова е уште еден доказ дека како одговорна локална власт водиме грижа за сите наши жители и од урбаните, но и од руралните средини, рече Трајковски.
Во рамки на посетата на село Вирче, Трајковски го најави и почетокот на реализацијата на пакетот инфраструктурни проекти вреден 9 милиони денари, кои, како што напомена, ќе се релизираат со средства одвоени од општинскиот Буџет, но и дополнителни средства од други фондови.
-Оваа активности ќе опфати изградба на улици во градот и во селата во должина од над 2,5 километри. Притоа ќе се гради улица во селата Стамер, Разловци, Ѕвегор, доградба на улица „Плачковица“ во должина од 200 метри, изградба на три крака од улица „Голем Рид“ во должина од 250 метри, улица „Голачка“ во должина од 200 метри, а ќе се гради и потпорен ѕид на улица „Христијан Тодоровски- Карпош“. Потоа активностите продолжуват на улица „Грозданец“, крак на улица „Орце Николов“, „Видое Смилевски-Бато“, улица „Илинденска“, крак на ул. „Кеј на Брегалница“ и други капиталните инвестиции, додаде Трајковски.
Дополни дека негов приротитет и во иднина ќе бидат вложувањата во инфраструктурни проекти на локално ниво, како предуслов за подобрување на условите за живот на жителите на Делчево, со цел понатмошен развој на општината.