Манастирско-туристичкиот комплекс Еленец во каменичкото село Цера беше домаќин на регионалната средба на здруженијата на пензионери од Македонска Каменица и Штип кои реализизираа музичко-рекреативно дружење.
-Целта на средбата е продлабочување на соработката преку музички и спортски активности. Воедно настанот го искористивме заеднички да прошетаме по чистата и здрава природа на Еленец, берејќи разновидни билки, сето тоа пропратено со музика и песна, истакна Јаворка Соколовска, претседател на здружението на пензионери од Македонска Каменица.
Во рамки на настанот еколошкото друштво Здравец-2002 одржа промоција на активностите од проектот „Дигитализација на социјалните услуги за нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини”.
-Средбата ја искористивме да извршиме распределба на активностите помеѓу самите пензионери кои ќе имаат активна улога во реализацијата на овој проект на Еко Здравец 2002, додаде Миран Митревски претседател на здружението.
Пред средбата на Еленец, пензионерите од двете здруженија ги одмерија силите во неколку спортови, меѓу кои кошарка и мал фудбал.