Претставници од бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, младински организации, спортски клубови, од јавните институции и останатати субјекти од општина Крива Паланка учествуваа на третата последователна работилница за изработка на новата стратегија за развој за претстојниот петгодишен период, 2021-2026 година, на општина Крива Паланка. Стратегијата вклучува родово одговорни аспекти, преку инклузивен процес на креирање на поефикасни локални политики.
-Во изработката на овој стратешки документ за развој, активно беа вклучени претставници од бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, младите, јавните институции и останатати субјекти во општината, со поддршка на локалната самоурава. На третата работилница конкретно беa презентирани резултатите од претходната, на која беа дефинирани визијата и мисијата, како и главните стратешки цели и приоритети. Присутните имаа можност да дадат свои сугестии и дополнувања на стратешките приритети, како и да ги дефинираат активностите, посочуваат од службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.
Работилницата е поддржана од UN Wоmen, во рамки на проектот „Промоција на родово одговорни политики и буџети: кон транспаренто, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој-Сида.