Продолжува уредувањето на парковските содржини во центарот на Делчево. Во моментот, како што информираа од Општината, се уредуваат две парцели во централното градско подрачје во близина на стариот пазар во градот.

-Станува збор за површина од над 200 метри квадратни, од кои едната на улица „Маршал Тито“ во вид на трибини, а другата наспроти неа, на добро познатото место за одмор кај врбата.На двете површини ќе се постави урбана опрема, соодветно осветлување, но ќе има и соодветно хортикултурно уредување, информираа од Општината.

Уредувањето на двете површини е дополнување на претходно уредената парковска содржина на оваа локација спроти фонтаната во близина на река Брегалница.

-Целта на активностите е оплеменување на просторот со што се дава нов и урбан лик на централното градско подрачје, каде се планира воведување и на други нови содржини, додадоа од Општината.

Инвестицијата за изградба на двете нови парковски содржини е на Општина Делчево, а работите ги изведуваат екипи на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“.