Во Кичево вечерва на отворената сцена во Центарот за култура ќе се одржи концерт на рок бендот „Јерико“ од Приштина. Во текот на овој концерт, гостите од Косово ќе се претстават со повеќе индтрументални и вокално- инструментални нумери.

Се работи за млад рок бенд состав. Квартетот музичари заедно делуваат четири години. „Јерико“ во својот репертоар застапува повеќе видови музика – рок, алтернативна, електронска, традиционална…

-„Јерико“ е рок бенд формиран од неколку млади музичари од Косово во мај 1997 година во Приштина. Оваа група е позната по својата посебна музика и текст, која е мешавина на рок, алтернативна, електронска, традиционална албанска музика, карактеристична за регионот на Косово и Северна Албанија, исткна директорот на Центарот за култура Мазлам Османи.

Тој потстети дека гостите од Косово покрај стандардните рок инструменти, користат и ориентални инструменти кои се дел од традиционалната албанска музика, како што се тапани, зурли и кавали. Такстовите за овој рок бенд претежно се пишани на гег дијалектот, кој се зборува во Косово, Македонија и Северна Албанија.