Од утре повторно во функција ќе биде ставен шестоседот, кој граѓаните бесплатно ќе можат да го користат во двата дена од претстојниот викенд, информираат од скијачко туристичкиот центар Попова Шапка.

-Туристичкиот центар „Попова Шапка" од утре, 17 јули ќе нуди бројни содржини за уживање на отворено за време на летниот период. Овој викенд, искористете ги бесплатните денови за посетителите и добијте бесплатен билет за шестоседот „Лајтнер" за планинарење и планински велосипедизам, прецизираат од ски центарот.

Според најавите, секој викенд, шестоседот ќе работи во периодот од 9:00 до 15:00 часот.