Неколку населби од Куманово од средната зона ќе бидат без вода поради сервисирање на водоводната мрежа, соопштија денеска надлежните од јавното претпријатие „Водовод“ Куманово.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато по полноќ и ќе трае до утре претпладне.

Поради изведба на периодично сервисирање на елементи на водоводен вод за средна зона Ф457.2мм, на ден 19 јули 2021, со почеток од 1 часот (недела наспроти понеделник) водоснабдувањето ќе биде прекинато на улиците од водот за средна водоводна зона- „Тоде Мендол“, „Б.И. Гуне“, „Вук Караџиќ“, „Поток Серава“, „Младен Стојановиќ“, „Франц Розман“, „Драгојло Диндиќ“, „Милан Зечар“, „Прозорска“, дел од „Бајрам Шабани“, „Васа Пелагиќ“, „Правда Спасовска“, „Бараки“ и околните улици кои гравитираат околу овие улици, додека во населбите „Гоце Делчев“, „Зелен Рид“ и „Јане Сандански“ ќе има намален притисок во водоводната мрежа-информираа од ЈП „Водовод“.