Во изложбениот салон на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип денеска е отворена изложбата насловена „Изложба на мозаици“ на која се претставени мозаици изработени од ученици од Општинското основно училишта „Ванчо Прќе“-Штип.
-Мозаиците се изработени од ученици од петто до деветто одделение од ООУ „Ванчо Прќе“-Штип, со нивниот наставник Верица Наумова, а под менторство на познатиот ликовен уметник од Кочани Александра Димитрова. Мозаиците се правени една недела, рече Горан Трајков, директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип на прес-конференција.
Љубителите на ликовната уметност може да видат вкупно 13 мозаици, а изложбата е дел од манифестацијата Штипско културно лето.