Патничкиот и товарен сообраќај кон југоистокот и во спротивен правец од утре ќе се одвива низ градот Штип. Градежната фирма „Страбаг“, која го гради и вториот дел од делницата на експресниот пат Штип-Радовиш информира дека за сообраќај ќе биде забранета обиколницата од штипската приградска населба Три Чешми до клучката кај петтиот километар, односно мостот на реката Брегалница.

– Поради изведување на градежни активности, целосно уривање на постоечкиот коловоз во врска со проектот изградба „Изградба на експресниот пат А4 Штип-Радовиш, изведувачот „Страбаг АГ“ известува дека почнувајќи од среда 21 јули целосно ќе биде затворен сообраќајот на делницата меѓу клучките Штип-Запад, до клучката кај Штип-Југ кај петтиот километар, се вели во соопштението од „Страбаг АГ“.

Тоа значи дека сообраќајот од автопатот, кој завршува кај населбата Три Чешми, возилата и товарните возила ќе транзитираат по стартиот регионален пат, зад бензинската станица на „Макпетрол“, се вклучуваат на булеварот „Гоце Делчев“, потоа поминуваат низ населбата Ново Село и Граските гробишта и се вклучуваат на експрениот пат, на клучката кај мостот на река Брегалница.