Градоначалниците на Дебар, Маврово и Ростуше и на Центар Жупа, до сите верници во регионот, иселениците од овој крај, како и до сите верници во светот упатија честитка по повод големиот празник Курбан(Аџи)Бајрам.

-Честит и за многу годни празникот Курбан Бајрам на сите дебрани и Албанци каде и да се. Жртвата заради Семоќниот Бог е она што мора да го дадеме од себе за да изградиме нешто со цврста основа. Да се надеваме во наградата на семоќниот Алах за жртвувањето што го правиме секој ден во Негово име. Само жртвувајќи малку од најскапоценото што го имаме, ќе ја градиме иднината. Алах да ги прифати аџилакот, намазот, молитвата и курбанот. Амин, стои во честитката на дебарскиот градоначалник Хекуран Дука.

Градоначалникот на општина Маворово Ростуше, Медат Куртовски, честитка упати од негово лично име и во име на советот и администрацијата на општината.

-Нека е честит Курбан Бајрам, ден кој претставува симбол на солидарноста, со желби да го заштитиме нашето здравје и здравјето на сите луѓе. Нека има многу среќа и радост во вашите домови, слога и разбирање меѓу нас, напредок и благосостојба како и соединување на нашите срца кон правење добри дела за сите наши пријатели, другари, роднини, соработници, за сите муслимани жители на Општина Маврово и Ростуше, наши браќа, сестри, роднини и пријатели кои се на привремена работа во странство, за сите муслимани ширум светот, посака Куртовски.

Со желби празникот да го обележат во радост и среќа, со топли чувства кои ќе го исполнат семејниот дом но и со поголема меѓусебна грижа, почит, разбирање, помагање, упати градоначалникот на општина Центар Жупа,Аријан Ибраим.