Струмичани кои живеат и работат во градот Бад Херсфелд во Германија на ЈЗУ „Општа болница Струмица" и донираа 28 автоматски болнички кревети и исто толку шкафови, како и шест мали детски кревети.
Според директорката Катерина Кузмановска, креветите ќе бидат распоредени во болничките одделенија, а со поголем дел од нив ќе бидат заменети досегашните во старата општа болница.