Во Демир Хисар денеска ќе биде означен почетокот на работата на Нега центар, кој ќе дава услуги за нега и поддршка на стари лица.
-Услугата има за цел да го подобри и одржи здравјето на старите лица во нивното семејно окружување и тоа преку помош во извршување на активности од секојдневниот живот, велат од Министерството за труд и социјална политика.
На пуштањето во работа на центарот ќе присуствува и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Развојот на оваа социјална услуга е финансиран од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка.