Обновен е коловозот кај селото Покрајчево во Општина Радовиш, од мостот на Радовишка река кон регионалниот пат во должина од 500 метри. Овој локален патен правец беше оштетуван во поплавите во 2008, 2013 и 2015 година и досега граѓаните од ова населено место сообраќаа по оштетениот пат.

Како што информираат од локалната самоуправа, завршиле земјaните работи и пробивањето на патот меѓу селата Прналија и Супурге. Овој патен правец се гради во рамки на проектот за поврзување на локални патишта и развој на руралните средини, а за него се обезбедени 20 милиони денари преку Министерството за транспорт и врски.

Освен овие два зафати тековно се врши санација на ударните дупки на патот кон селата Али Коч и Коџалија.