Албанската полиција уапси двајца Албанци и двајца Камерунци за учество во измама со т.н. фишинг мејлови со која жртвите се оштетени за четири милиони евра.

Полицијата трага по уште осум осомничени странски државјани.

Полицијата соопшти дека шемата дејствувала најмалку две години и влијаела на луѓето во девет земји, вклучувајќи ги САД, Германија и Филипините.

Членовите на криминалната група најпрво ги хакирале компјутерите на жртвите, а потоа ги следеле нивните активности. Кога некој корисник правел трансакција со компанија, тие испраќале е-пошта до клиентот имитирајќи ја компанијата и наведувале дека сметките во банка се сменети и дека плаќањата треба да се извршат на нова сметка.

Користејќи ја таа фишинг-шема, уапсените и нивните соучесници успеаја да пренасочат околу 4 милиони евра, насочувајќи ги на банкарските сметки на 17 измислени компании отворени во Албанија.

Полицијата соопшти дека украдените пари им биле вратени на сите идентификувани жртви.