Премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати на свеченоста по повод почетокот на изградбата на браната на река Отиња во Штип.

Сонот за брана датира уште од пред 60 години. Во одредени периоди, постоеја засилени активности за остварување на овој сон. Во 80-тите години на минатиот век, во Општината постоел и проект за бетонска брана на река Отиња.

Проекциите на Владата која целосно ќе го финансира овој проект од државниот буџет изнесуваат над седум милиони евра.